Владимир Пешевски и Кирил Миновски се во советодавниот тим на Битиќи

by Фокус

Владимир Пешевски и Кирил Миновски, поранешен вицепремиер, односно министер за финансии во претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, се дел од поширокиот советодавен тим на сегашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, објави Телма.

Битиќи во гостувањето на Топ Тема не одговори директно дали овие поранешни високи функционери од претходната владејачка гарнитура се дел од неформалната платформа „За татковината со љубов“, но на прашањето дали тие се дел, тој одговори:

„Можам да кажам дека и тие двајца си ја сакаат татковината“.

Инаку, „За татковината со љубов“ е неформално советодавно тело иницирано токму од Битиќи, со цел да овозможи поголема вклученост на експертската јавност и професионалците од сите економски сфери во носењето државни политики.

На 3-ти декември годинава, ова советодавно тело го одржа и првиот онлајн-состанок, а како што тогаш информираа од Кабинетот на вицепремиерот Битиќи, поканети за учество да земат се универзитетски професори, економски експерти од невладини организации, поранешни министри, стопанственици…

Поврзани новости