Бучковски не е добредојден во ВМРО-ДПМНЕ да брифира за посетата на Софија

by Фокус

Владо Бучковски не би бил добредојден во ВМРО-ДПМНЕ, порача пратеникот и функционер на опозициската партија Антонијо Милошоски, откако претседателот Стево Пендаровски вчера најави дека Бучковски по враќањето од Софија ќе направи посета кај сите политички партии за да ги брифира.

-Можеби Бучковски е близок со Заев и ужива кредибилитет кај премиерот, и може да биде специјален претставник на премиерот, но ВМРО-ДПМНЕ не го смета за легитимен претставник на државата – рече Милошоски на Сител.

Според него, тешко може да се очекува пресврт во македонско-бугарските односи до крајот на годината.

Поврзани новости