Владимир Лазовски: Господе боже, не ми се верува до каде оди нивната забеганост, ќе ги тужам „Журнал“ и „Република“

by Фокус

Актерот Владимир Лазовски од Театарот за деца и младиници ќе ги тужи порталот „Журнал“ и „Република“, каде излезе информацијата дека тој земал 3.000 евра хонорар за водењето на вчерашната трибина, каде што опозицискиот СДСМ ја објави осмата „бомба“ за изборните нерегуларности. Тој остро ги демантира ваквите тврдења и вели дека не земал ниту денар, бидејќи таму се појавил како граѓанин, кој што е засегнат за својата иднина.

– Господе боже, не ми се верува што се ќе слушнам. Не сум земал ниту денар за водењето на манифестацијата, а не 3.000 евра како што лажат провладините медиуми. До каде ќе оди таа нивна забеганост. Јас сум актер, но пред се граѓанин, живеам чесно и достоинствено, се додека некој не ми чепне во нормалноста. Моја должност како граѓанин е да реагирам и баш од тие причини ја водев манифестацијата, а не заработував – истакна во изјава за „Фокус“, Лазовски.

Поврзани новости