1.2K
Владиката Г.Пимен се појави во музичкиот спот на рок бендот ,,Бени и Нон стоп’’ за песната ,,Немој да се курчиш’’. Европскиот митрополит на МПЦ – ОА, е познат љубител на рок музиката, а во спотот се појавил доброволно.
Видео записот за ,,Немој да се курчиш’’ се снимал во околината на Преспа и Ресен, родниот крај на Владиката.
,,Немојте да се курчите! Секому следуваат по два кубика земја,, – е пораката која ја постирале членовите на бендот на своите социјални профили, при промотивното објавување на интересниот спот за песната која лесно ,,се лепи’’ за уво, а која веќе има илјадници прегледи на интернет каналот Јутјуб.
,,Биди мудар, немој да се курчиш, не си створен баш за довека’’– се дел од стиховите на певливиот рефрен, на песната која откако беше пуштена во етер, во изминативе неколку дена добива само позитивни критики.
Она што е интересно, е дека целиот спот бил снимен со мобилен телефон.
Вики Клинчарова