399
Надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар демантира дека бил упасен од полицијата во Мелбурн, но потврди дека бил свикан на разговор.
Во изјава за „Утрински весник“, вели дека причината била да сведочи околу „спор меѓу двајца владици, кои меѓусебно се исклеветиле“
Владиката Петар ги демантираше информациите за постоење на неколку тужби како „шпекулации и лаги“.
Инаку, веста за неговото приведување ја пренесоа неколку македонски медимуи повикувајќи се на извори од Австралија. Порталот Religija.mk објави дека двајца детективи од одделот за криминологија на полицијата во Викторија го посетиле домот каде престојува владиката, а по краток разговор го повикале во полициска станица.