Владата не разговарала на седница за прслушувањето на телефоните во основното јавно обвинителство бидејќи денеска дознала за тоа, откако откри претседателот на републичкото обвинителство, Љубомир Јовески.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска излезе пред ОЈО и на прес конференција остро го осуди снимањето на телефонските разговори на обвинителите, за што Јовески претходно дента изјави дека се спроведувало од 2016 до денеска.
-Сметаме дека ваквите појави се рецидив на минатото и на праксата на преходните структури. Очекуваме институциите да се посветат максимално во истрагата, дека настанот ќе се расчисти и дека јавноста ќе биде информирана. МВР целосно е вклучено во предистражната постапка, одговорноста мора да биде идентификувана и утврдена и да има ефикасна судска разрешница – рече Бошњаковски.
Тој додаде дека не може да открива повеќе детали.
-Се случи денеска, настанот е од денеска и не би можел да ги пренесам информации дали била или не вклучена полицијата – изјави тој.