ЈОРМ: Предметот за бегството на Груевски во предистражна постапка

by fokus

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција води предистражна постапка за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

Во овој дел од постапката се прибрани снимки од камери на граничните премини, од пред зградата на Груевски и од соседството, а се бараат известувања и  од институции и податоци од банките, беше речено на денешниот брифинг со новинарите во ЈОРМ.

Од Обвинителството посочија дека доколку се утврди одговорност кај некои луѓе за бегството на Груевски степенот на работење ќе се подигне и предметот нема да биде во предистражна постапка.

Поврзани новости