507
Владата на РМ и УНПФА ќе потпишат договор за заеднички придонес за примена на дел од мерките за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата, соопшти владината прес-служба по денешната 66. седница.
– Владата како материјал за информирање ја разгледа и ја усвои Информацијата за потпишување на договор за заеднички придонес помеѓу Владата на Република Македонија и УНФПА за имплементирање на дел од мерките за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата, се наведува во соопштението на Владата.