Владата на седница донесе одлука трговците кои продаваат овошје и зеленчук, да прибавуваат и продаваат 70 проценти од количествата коишто ги продале во јануари и февруари, соопштија од Владата.
Дел од рафтовите кај малопродажбата се испразнија откако Владата ги замрзна цените на определни видови овошје и зеленчук. Од вчера е потешко да се најдат некои намирници, како што е гравот и леќата.
Од Владата велат дека одлуката е предвидено да важи до крајот на април.
„Заклучено е дека е потребна ваква одлука, како што соопшти предлагачот, Министерството за економија, по координативниот состанок на надлежните институции во врска со предметното прашање“, соопштија од таму.
Претходно министерот за економија, Крешник Бектеши, дека е забележана голема разлика кај увозните цени пред 28 март и од 28 март наваму.