Откако Европска комисија официјално потврди дека ќе се скратат 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија, со писмена реакција се огласи и Владата на РМ.
Од таму велат дека „не станува збор за санкции, туку за намалување на програмските средства“.
-Има два аспекти, внатрешен и надворешен. Внатрешниот е поврзан со фактот дека повеќе од една година лебдеше спроведувањето на избори. Во тој период институциите беа политички хендикепирани преку блокирачки механизми во неколку клучни министерства, вклучително и Министерството за финансии. Надворешниот фактор, пак, е поврзан со искуствата на Европската комисија со претходните процеси на проширување, поради што со новите инструменти се предвидени повеќе рестрикции кои ги ограничуваат обемот и областите на прилив на европски фондови – се вели во соопштението на Влада.
Освен тоа, од Владата обвинуваат дека ова е резултат и на тоа што најголемата опозициска партија фокусот го ставила на „блокирање на институциите и правење што поголема штета за државата.
Во изјавата на Европската Комисија пак, како главна причина за кратењето на ИПА фондовите се наведува отсуството на политичката волја и посветеност на власта за исполнување на ветените реформи.