„Битола не смее да стане Чернобил”- граѓаните на протест против новиот каменолом

by fokus

Битолчани протестираат против изградбата на новиот каменолом за ископ на гранит, кој ќе се наоѓ  на ридот Билбил Камен во близина на обиколницата над Битола.

Со транспаренти „Битола не смее да биде Чернобил”, тие застанаа во одбрана на нивната животна околина и порачаа дека нема да ја дозволат изградбата, потенцирајќи дека на 800 метри од местото има населба со жители.

Каменоломот веќе подолго веме ја бранува јавноста во Битола,а за него и претходно реагираа еколошки здруженија и граѓани.

Фирмата „Стентон“, пак, која води и други бизниси во Битола, а сега го гради каменоломот, ги отфрла шпекулациите дека рудата ќе содржи повеќе од 3 проценти силициум и ќе биде штетна за животната средина.

Во писмена изјава од фирмата тврдат дека се направени испитувања и дека  рудникот за експлоатација на минералана суровина гранит, нема да има никакво штетно влијание врз здравјето на луѓето.

Фото: СДК.мк

Поврзани новости