Нешто повеќе од 40 милиони денари ќе издвои Министерството за здравство за реконструкција на Ургентниот центар во Куманово. Проектот е веќе изработен, а надлежните велат дека со него ќе се подигне квалитетот во оваа институција.
Министерот Никола Тодоров објасни проектот ќе содржи приземје и кат на површина од околу 600 м2, а ќе се гради на местото каде што се наоѓаат моменталните ургентни амбуланти на интернистичкиот оддел кои вушност ќе се поврзат и ќе станат еден ургентен центар.
За споредба, оградата околу Владата изработена од ковано железо чие поставување е во тек, според истражувањето и податоците на БИРН, чини 43 милиони денари. Како инвеститор се јавува Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р.М. Директорот на Службата, Васе Доневски, на почетокот на поставување на оградата, рече дека во оградувањето на Владата нема ништо чудно.
-Ниту се штитиме, ниту се криеме од некого. Нели, секоја куќа има ограда, секој двор, плац е ограден, па, така, нормално е и околу овој објект да се постави ограда, изјави директорот Доневски.