Владата за индексот на корупција: Работата на функционерите под лупа како никогаш досега

by fokus

За бескомпромисна борба против корупцијата ја подигнавме отчетноста и транспарентноста на институции на извршната власт, која треба да биде зајакната и со независно, транспарентно и отчетно судство и обвинителство, со непартизирана антикорупциска комисија, соопштуваат од Владата по информацијата дека земјава има пад од 13 места на најновиот индекс на перцепција на корупцијата.

-Сите реформи што беа преземени и што се спроведуваат се во насока на создавање силни и независни институции и механизми за борба против корупцијата, сѐ со цел да се врати довербата на граѓаните во институциите на системот. Владата на Северна Македонија креира и спроведува политики што нѐ приближуваат кон отворени и транспарентни општества, и на отворени ресурси достапни за сите. Бројките на отворени и затворени случаи, како и бројот на високи функционери чии имоти и начин на работа беа и се предмет на истражување на институциите (пред сѐ на ДКСК) покажува дека правецот во кој се движи државата кога е борбата против корупција во прашање, е добар и среднорочно и долгорочно вродува со плод. Работата исто како и имотот на функционерите е под лупа како никогаш досега, се вели во дел од реакцијата на Владата.

Поврзани новости