Откако синоќа во парламентот 80 пратеници го прифатија владиниот предлог за пристапување кон уставни измени во склад со Договорот со Грција, следно се очекува секој од четирите амандмани преку кои ќе се интервенира во македонскиот Устав, подготовени од Владата, да поминат низ претрес во две комисии во Собранието, при што расправата за секој од нив може да трае до три дена.
Откако Собранието ќе утврди нацрт на секој амандман се отвора јавна дискусија во која пратениците може да поднесат амандмани на амандманите. Исто така, претрес на на уставните амандмани се врши во две комисии, по што Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на уставните амандмани. На крајот, следува конечната седница на усвојување на уставните амандмани со двотретинско мнозинство.
Иако Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието, вчера премиерот Зоран Заев изјави дека колку порано завршат, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлукатa за ратификација на Договорот. Тој очекува дека дека очекува пратениците на опозицијата во уште поголем број да се приклучат во следната фаза на процесот.