517
На денешната седница на Владата е утврден Предлог-закон за меѓународна соработка во кривичната материја, кој на предлог на Министерството за правда ќе биде доставен на усвојување во Собранието, информираат од прес службата на Владата.
-Со овој предлог за донесување закон за меѓународна соработка во кривичната материја се уредуваат условите и постапката за меѓународна соработка во кривичната материја, која меѓу другото, опфаќа пренос на кривични постапки, екстрадиција и извршување на кривични пресуди и трансфер на осудени лица”, се вели во соопштението на Владата.