Мизрахи го вработи возачот на Диме Спасов што лажно се пријави за да го спаси

by fokus

Техничката министерка за труд и социјална работа Рашела Мизрахи го вработила возачот кој лажно се претставил во полиција за да  преземе вина за сообраќајката на поранешниот министер од ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов на 28 октомври 2016 година. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, лицето М. Т. е вработено повторно на работното место возач, со плата од 20.000 денари и има договор од 3 февруари до 1 мај, односно до завршувањето на изборите.

За вработувањето на М. Т. техничката министерка Мизрахи не побарала согласнот од дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Поврзани новости