334
Владата на денешната седница усвои предлог-закон за прогласување на кањонот Матка за заштитено подрачје во трета категорија – споменик на природата.
„Со донесувањето на законот, ќе се овозможи не само заштита на природните вредности, разновидноста на биодиверзитетот, туку и ќе се создадат нови можности за одржливо управување и развој на овој еко-систем“, вели министерот Нуредини.