ВИП маса за Владо Јаневски во Маврово за 14.000 денари, најавени се зимски забави со познати музичари!

by Fokus

Со концерт на поп музичарот Владо Јаневски ќе се отвори настанот ,,Mavrovo Sound & Culture” во организација на Ресорт Маврово, во сабота, на 4-ти февруари.

Како што е појаснето на страницата на Ресорт Маврово, во ек на зимската сезона подготвиле програма прилагодена за сите вкусови, и покрај Јаневски, најавени се настапи на Јелена Розга на 11-ти февруари, Каролина Гочева на 25-ти февруари и Петар Грашо на 4-ти март.

Влезниците за Јаневски по цена од 700 денари биле пуштени во продажба, а ВИП маса за 6 до 10 лица со консумација до уплатениот износ е 14.000 денари. Високите маси за 4 до 6 лица со консумација до уплатениот износ се 7.000 денари, а настанот е најавен како неповторлива зимска забава во снежното Маврово.

Вики Клинчарова

Поврзани новости