477
Владата ги намали средствата кои беа предвидени за Програмата за лекување ретки болести за 2016 година за 797.000 евра. Со одлука на Влада од 20 септември изменета е Програмата и наместо 3,3 милиони евра, сега предвидени се 2,5 милиони евра.
Оваа одлука е потпишана од вицепремиерот Владимир Пешевски, со што е измената претходната одлука која ја потпишал од поранешниот вицепремиер и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Намалувањето се однесува на оној дел од средствата кои треба да се обезбедат од Буџетот на Република Македонија.