Врховниот суд ја укина пресудата за поранешниот премиер Бучковски

by fokus 11:19
11:19

Врховниот суд ги поништи пресудите за поранешниот премиер Владо Бучковски и ексначалникот на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски, кои беа донесени од  Основниот суд Скопје 1 и на Апелациониот суд.

Пресудите се поништени и за неколкутемина вработени во Министерството за одбрана и директорот на „МЗТ ФОП“, а предметот за набавката на тенковски делови ќе биде вратен на ново судење во Основниот суд.

- Advertisements -

Според обвинението, Бучковски и Стамболиски се товарат за злоупотреба на функциите и дека со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови направиле штета од околу 2,5 милиони евра.

Поврзани новости