946
Владата продолжува со праксата да се задолжува кај домашни кредитори пред секое раздолжување, па така денеска се задолжи за нови 124 милиони евра, кои ќе треба да се вратат за три години.
Утре пак, Владата ќе треба да се раздолжи, исто така, на домашните кредитори, и ќе им врати 85 милиони евра по основ на доспеани долгови.
Заклучно со крајот на 2014 та година, вкупниот јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 45,8% од бруто домашниот производ.