Додека едни ги уценуваа, членовите на Наставнички пленум спонтано се собраа да ги поддржат своите ученици

by Фокус 11:26
11:26

Наставничкиот пленум остро реагираше на последните случувања за време на протестниот марш на Средношколски пленум од Битола, кога наставничка и директорката на училиштето им се закануваа на учениците, дека ако излезат на протест, ќе им се намали поведението. Според нив, на овој начин може да се доискриви, ионака искривената слика за денешниот наставник.

Наставнички пленум се извинува во име на сите наставници и се оградува од постапките  на одредени колеги. Додека едни ги уценуваа, членовите на Наставнички пленум спонтано се собраа да ги поддржат своите ученици.

Поврзани новости