799
Владата денеска се задолжи за 15,6 милиони евра, иако пред денешното задолжување планот беше да се позајмат седум милиони евра. Ова задолжувања Владата го направи кај домашните кредитори. Утре треба да се врати долг од седум милиони евра, а од Министерството за финансии засега нема информација за што ќе се користат останатите 8,5 милиони евра.
Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов информира дека со денешната аукција на државни хартии од вредност јавниот долг достигна нов рекорден износ од 4 милијарди и 300 милиони евра и оти само досега е реализиран 15 отсто од дефицитот предвиден за 2016 година.