Владата се премисли за поставувањето на оградата?

by Фокус

Оградата од ковано железо која пред два дена почна да се поставува околу Владата, денеска е отстранета, пренесува телевизија Телма. Сега останаа само бетонските столбови, но не и железната ограда украсена со крстови на врвовите.

Работниците не знаеле зошто оградата се отстранува само два дена откако почна да се поставува, а ниту од Владата не откриле која е причината за ваквиот потег.

Што се однесува до крстовите на врвовите, од Службата за општи и заеднички работи реагираа дека тоа всушност се архитектонски стилски крин, а не религиски симбол.

Изведувач на поспавувањето на оградата е скопската градежна компанија Бауер БГ, која е ангажирана на повеќе проекти финансирани од државни пари. Предвидено е оградата да чини 700.000 евра.

 

Поврзани новости