ЛГБТ заедницата со венец го погреба Јавното обвинителство

by Фокус 20:27
20:27

ЛГБТ заедницата денеска организираше протест пред Јавното обвинителство поради нерешените напади врз ЛГБТ центарот и негови членови. Тие симболично го погребаа Обвинителството со поставување на посмртен венец и му прогласија мораториум.

Граѓаните кои протестираа извикуваа „Доста беше молк и насилство“ и „Збогум Зврлевски“ со што побараа оставка од Јавниот обвинител.

- Advertisements -

-Од првиот напад поминаа 2 години и 9 месеци, а од последниот 9 месеци. И тоа е сосема доволно време за сторителите кои впрочем се на видео камери со лик фатени и затоа ние оваа институција Основно јавно обвинителство не ја признаваме за легитимна, рече Билјана Гинова од „ Лезфем“.

Поврзани новости