Претседателот Иванов останува заробен во делбите во време кога Македонија е свртена кон обезбедување благосостојба на своите граѓани, реагираат од владата на денешното обраќањето на Иванов пред пратениците во парламентот.
„Во годината кога граѓаните на Република Македонија покажаа исклучителна политичка зрелост и демократска одговорност, првенственото нивно очекување од политичките елити и лидери е тие да се издигнат над партиските бои и да исчекорат одважно од една политичка доктрина на делби, кон јасни политики за обединување. Прв кој требаше ова очекување на граѓаните да го препознае како вредносна порака, требаше да биде Претседателот на државата. Но, наместо да настапи државнички, денеска Ѓорѓе Иванов кон граѓаните упати пораки кои повикуваат на натамошни делби и кои дополнително се спротивставуваат на концептите за градење на едно, единствено и заедничко општество“, стои во владиното соопштение.