Ременски: Срамен говор на Иванов, десет години молчи за монтираните процеси, за крвавите настани, за масовните грабежи

by Fokus

Иванов не успеа да се надмине и да даде придонес за надминување на конфликтите. Срамен партиски говор. Ова денеска го истакна пратеничката на СДСМ Фросина Ременски по говорот на шефот на државата, кој според неа денес кажал се за што молчел во последните осум години.

„Десет години Иванов за ништо не крена глас. Ниту за монтираните процеси, за корупцијата, за прогонот на неистомисленици, масовните грабежи, еколошките проблеми. Ниту за настаните од 24 декември 2012 година. А најмалку за обидот за нарачаните убиства во собранието на 27 април. Наместо да се прецизираат причинителите меѓу кои е и тој самиот. Тој се обидува да фрли дамка на обидите на владата за унапредување на добрососедските односи – нагласи Ременски.

Поврзани новости