Маските паднаа! Владата со најновите, експресно изгласани измени на законите што се однесуваат на правото на штрајк во образованието даде најочебиен доказ дека работи против работниците, реагира левичарското движење „Солидарност“.
– Не е правна онаа држава во која власта наменски ги менува законите во своја корист! И не е социјална онаа држава во која власта нема слух за социјалните проблеми на работниците! Правото на штрајк, кое е гарантирано со Уставот на Република Македонија, и пред овие измени беше премногу рестриктивно регулирано. Толку рестриктивно што се наметнува дилемата: дали намерата е преку законските одредби да се обезбеди остварувањето на ова уставно гарантирано право или да се ограничи што е можно повеќе ова клучно работничко право – велат од „Солидарност“
Оттаму ги повикуваат работниците од образованието кои се моментално невработени да не служат како монета за поткусурување на Владата против легитимните барања на Синдикатот за образование, штрајкбрехерството е појава која е за секаква морална осуда.
– Не дозволувајте за беден надомест за само два, три, пет дена да бидете алатката преку која Владата ќе ги порази вашите класни другари – порачуваат од левичарското движење.