Владата привремено ги стопираше рекламите

by Фокус

-Владата како гест на добра волја стави мораториум на сите комерцијални промоции во медиумите. Тоа значи дека сите владини институции од денеска го стопирале објавувањето на комерцијални кампањи на телевизија, радио, веб, на билборди, соопшти денеска министерот за информатичко општество и јавна администрација, Иво Ивановски, на дебатата што ја организираше Здружението на новинарите на Македонија посветена на оваа тема.

Оваа мерка е привремена и нема да се однесува на бесплатните јавни кампањи. Ќе трае до утврдувањето на критериумите за распределба на буџетски средства.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, истакна дека уште од 2011 година упорно посочувале дека владините кампањи се висок ризик за корумпирање на медиумите и за влијание врз уредувачката политика. Додаде дека Владата не треба да троши огромни буџетски средства за промоција на нејзината работа и за пропаганда.

Поврзани новости