Владата прави театар, а Заев главниот комедијант во случајот Груевски, смета Мицкоски

by Fokus

Бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски е тема број еден во медиумите. Постојат многу шпекулации околу тоа каде се наоѓа, а некои медиуми информираа дека Турција или Русија се негови следни дестинации.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Македонија е сведок на театар, а комедијант во сето тоа е премиерот Зоран Заев.

„Па македонската јавност е сведок на еден театар кој што се случува веќе неколку дена. Кога не би било трагично, би било смешно. Државава повеќе или помалку започна да наликува на едно реално шоу во кој што главен актер е Претседателот на Владата на Република Македонија. Не вешто обидувајќи се да глуми комедијант,а на моменти да глуми некоја друга ролја во таа театарска претстава или тоа реално шоу. Така што навистина апелирам до Владата на Република Македонија, до Претседателот на Владата конечно да се вразуми, да сфати дека е Претседател на Владата на Република Македонија и илјадници животи зависат практично од неговото однесување затоа што сето ова што го прави не само што не ја води Македонија во добра насока туку напротив ја води во комплетно во погрешна насока. И ќе остави последици кои што мислам и стравувам и загрижен сум дека многу тешко генерации идните политичари ќе можат да ги санираат“, посочи Мицкоски за официјалниот сајт на опозицијата.

Поврзани новости