517
Вработените лица во сите државни органи кои одат на работа со придружба – целосно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работните активности, одлучи владата на денешната седница.
Како што соопштија од владата, оваа одлука се однесува за единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија основани од општините, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции.
Воедно, истата мерка се однесува и на компаниите од приватниот сектор.