Јовановиќ: Се кратат плати од 400 евра, а не се чепкаат над 250 луѓе со плати од 10.000 евра

by Фокус 21:37
21:37

Околу 100.000 семејства ќе бидат погодени од мерката за кратење на плати во администрација со што средната класа ќе се сведе на сиромаштија, изјави во Топ Тема на Телма телевизија поранешниот советник во министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ.

-Не може да зборувате за солидарност, односно во име на солидарност да кратите плати на тие што земаат по 400 евра плата, а да ги оставате оние што земаат плата од неколку десетици илјади евра. Највисоката плата во оваа држава е 250.000 евра месечно и таа плата сега останува нечепната. Има над 250 лица од оваа држава кои имаат плата над 10.000 евра месечно кои исто така остануваат нечепнати. Имате околу 200 фирми во државава што имаат добивки од преку милион евра и на нив ништо не им правите, дури и некои прифитираат во кризата, а им земате пари на работниците – рече Јовановиќ.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Според него, еден од основните постулати за справување со секоја криза е стимулирање на потрошувачка. Со кратењето на плати во администрацијата, истакнува тој, вештачки се продлабочува економската криза.

Поврзани новости