640
На денешната, 66-та седница Владата одлучи да се отворат почесни конзулати на Република Македонија во Турција, со седиште во Едрене и во Казахстан, со седиште во Алмати. Во исто време, за почесен конзул на Република Македонија во Турција е именуван Есер Џевахир, додека за почесен конзул на РМ во Казахстан е именуван г-дин Султан Мукшаев.
Исто така на оваа седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, на седницата беа прифатени предлог – законите за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и предлог – законот за приватни агенции за вработување.