Сопствениците на кучиња кои ги чуваат како домашни миленичиња во станови, ќе може да ги изнесуваат надвор во одредени термини во денот за време на забраната и посебниот режим на движење што ќе се применува од среда.
Според одлуката на Владата, на целата територија на државата, граѓаниите од понеделник до петок ќе може да ги изнесуваат нивните миленичиња од домовите 30 минути навечер во периодот од 20 до 20.30 часот.
Во сабота и недела, пак, кога има забрана за движење во тек на цел ден, дозволено им е да ги изнесат трипати во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот.
Притоа, тие треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат и да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.