Полицаец е еден од двајцата починати кумановци од корона вирус

by Фокус

Еден од двајцата починати од ковид 19 во Куманово, за кои информираше градоначалникот Максим Димитриевски, бил припадник на граничната полиција и работел на новиот граничен премин кон Косово – Белановце.

Според неофицијални информации, тој се тестирал пред десетина дена, но резултатите дека е позитивен му пристигнале вчера, кога починала неговата мајка.

Од МВР најавуваат дека во текот на утрешниот ден ќе излезат со официјален став во однос на овој случај.

Другиот починат, пак, е роднина од веќе потврден случај инфекција со ковид 19 кој се третира на скопските клиники.

Кумановскиот градоначалник Димитриевски пред денешното вклучување во емисија Топ Тема истакна дека добил информација од Центарот за јавно здравје за уште двајца починати, но не сподели повеќе детали.

Поврзани новости