Владата одвои 10 милиони евра за земјоделството

by fokus

Земјоделството ќе добие пакет директна поддршка од државата во износ од 10 милиони евра, средства кои ќе бидат наменети за овоштарите, лозарите, сточарите и полјоделците и како поддршка за домашното производство на храна. Владата на вчерашната седница донесе одлука за измени на Програмата за директна   финансиска поддршка во земјоделство и на Програмата за рурален развој.

-Со измените на програмата за директни плаќања, им излегуваме во пресрет на барањата на земјоделските здруженија за зголемување на субвенциите за производителите на пченица   кои годинава имаа ниски приноси поради лошите временски услови.Токму затоа   земјоделците ќе добијат дополнителни 6000 денари од хектарпченица, што се вкупно 2 милиони  евра повеќе од субвенциите кои ги добиваат сега – изјави ресорниот министер, Љупчо Николовски.

За јачменот, рече тој, се предвидени дополнителни 1 денар за килограм јачмен предаден кај   регистрирани откупувачи.  25 илјади лозари и 15 илјади овоштари, пак, ќе имаат зголемена субвенција од 10% по хектар со цел да се надомести дел од штетата, главно поради измрзнувањето на насадите

Поврзани новости