Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите рече дека она што е точно е дека Владата одобрила шест кандидати за амбасадори, но имиња не сакаше да открие, бидејќи законот не му го дозволувал тоа.
Не можам да кажам имиња. Тоа што можам да кажам е дека е вистина дека шест кандидати за амбасадори се одобрени од страна на Владата на последниот состанок. Ќе чекаме одобрување од земјите, а потоа ќе можеме да ги коментираме нивните имиња, рече Османи.
Како што пред неколку дена објави Фокус, поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи треба да биде нов амбасадор во ЕУ, а директорот на АНБ Виктор Димовски во Париз.
Што се однесува до Вашингтон, каде подолго време нема амбасадор, на дипломатска мисија ќе замине Зоран Попов, кој, како што пишувавме, е дипломат од кариера кој моментално е државен секретар во МНР.
Покрај нив, во напредна фаза е постапката за избор на уште неколку амбасадори, меѓу кои има двајца поранешни лидери на ЛДП.
Еден од нив е претходниот лидер на либералдемократите и поранешен градоначалник на Центар Андреј Жерновски, кој треба да стане амбасадор во Белград.
Инаку, Жерновски на лидерското место во ЛДП во наследи Јован Манасиевски, кој треба да биде нов македонски амбасадор во Анкара.