Зоран Попов – нов македонски амбасадор во Вашингтон

Како што објави Фокус, Попов е еден од предлозите на МНР за нови амбасадори кои веќе поминале на Влада, покрај екс градоначалничката на Тетово Теута Арифи и директорот на АНБ Виктор Димовски, кои треба да заминат во ЕУ и Париз.

by Фокус

Дипломатот од кариера Зоран Попов, кој моментално е државен секретар во Министерството за надворешни работи, ќе биде нов македонски амбасадор во Вашингтон, каде неколку години амбасадата функционира без амбасадор.

Според неговата официјална биографија, Попов најголем дел од дипломатската кариера ја поминува во Директоратот за Европска Унија, напредувајќи од помлад соработник до помошник раководител на сектор за политички односи со ЕУ.

Во периодот од 2003 до 2007 година, упатен е на мандат во Мисијата при ЕУ во Брисел, а од 2016 до 2019 година работи како виш политички советник во Советот за Регионална Соработка со седиште во Сараево, задолжен за активности поврзани со унапредување на политичката соработка меѓу земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Се работи за магистер е по меѓународни односи на Универзитетот Вестминстер во Лондон, кој посетувал повеќе обуки за евро-интеграција и процес на преговори, раководни државни службеници и за правда и внатрешни работи, а во периодот од октомври 2000 до март 2001 е практикант во Европската комисија во Брисел.

Како што објави Фокус, Попов е еден од предлозите на МНР за нови амбасадори што веќе поминале на Влада и чекаат одобрување од претседателот на државата, покрај екс градоначалничката на Тетово Теута Арифи и директорот на АНБ Виктор Димовски, кои треба да заминат во ЕУ и Париз.

В.С.

Поврзани новости