Владата одобри поддршка за туристички водичи, игротеки, фото студија и фитнес центри

by fokus

Владата на денешната седница донесе одлука да се одобрат 2.460.000 денари за 80 лиценцирани туристички водичи кои ги исполнија условите и критериумите утврдени во јавниот повик.

Со оваа одлука на туристичките водичи ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30.750 денари за надминување на последиците од ковид кризата опфатена во шестиот пакет мерки, соопшти владината прес-служба.

На 33 економски оператори од индустријата за организација на настани кои ги исполниле условите од јавниот повик, ќе им бидат распределени предвидените 15.443.661,00 денари поддршка од шестиот антикризен пакет. На повикот биле поднесени 45 апликации.

Владата на денешната седница одлучи и од шестиот пакет за справување со последиците од КОВИД-кризата, поддршка да добијат и сите 184 правни лица – регистрирани фотографски студија и фитнес центри. За нив се проектирани вкупно  11.924.820,00 денари.

На седницата беше разгледана и информацијата за резултатите од спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта по што е одлучено да се исплатат вкупно 5.442.232 денари на 73 правни лица кои ги исполнуваат сите услови од јавниот повик.

Поврзани новости