Ќе се формира Национално тело за младински политики

by fokus

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои информацијата за формирање Национално советодавно тело за младински политики и ги задолжи Агенција за млади и спорт, Министерствата за труд и социјална политика, за правда, за локална самоуправа, за култура, за образование и наука, за здравство и за финансии, да именуваат претставник во Националното советодавно тело за младински политики, до 30 јуни 2021 година.

Како што посочуваат од владината прес-служба, согласно Законот за младинско учество и младински политики, Владата формира Национално советодавно тело за младински политики како тело за соработка помеѓу младински претставници и претставници на органите на државната управа кое има советодавна и надзорна улога при спроведувањето на младинските политики и активностите за млади.

Поврзани новости