Владата обезбеди 34.000 маски за Куманово

by Фокус
Владата обезбеди 34.000 маски за граѓаните на Куманово, кои во следните денови ќе се делат бесплатно, откако денеска беа доставени до Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово.
Инаку, вчера беше објавена уредбата со законска сила за задолжително носење лична заштита, заради спречување, ширење и заштита на населението во вонредна состојба.
Уредбата определува дека граѓаните се должни да носат лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип.

Поврзани новости