Русковска е против мерката за минималец: Требаше на сите да им се скрати процент од плата

by Фокус

Oбвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, смета дека дека обвинителите не треба да добиваат минимална плата за месеците април и мај.

-И обвинителите и судиите треба да се солидализираат во оваа криза, но не се согласувам со минимална плата. Сметам дека ќе беше многу подобро и ќе имаше поголем ефект доколку на сите им се скратеше одреден процент од платата, 20, 30 или 40 отсто. Тука мислам на сите, не само на судиите и обвинителите, туку и на администрацијата – вели Русковска.

Таа посочи дека во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција претходно биле договорени дека ако добијат цела плата, секој обвинител ќе одвои по 10.000 денари за солидарниот фонд.

Поврзани новости