Владата негира дека прислушувала новинари

by Фокус

Откако во неколку медиуми беше објавена информација, дека наводно една од најавуваните „бомби“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е во врска со прислушување на новинари, и тоа над 90, денеска преку соопштение се огласија и од Владата.

Владата, во соопштението, освен што негира дека прислушувала новинари, врши и жигосување на медиумите, по теркот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

-Во врска со шпекулациите објавени во медиумите кои се финансирани од Сорос групацијата, а кои се контролирани или пак во функција на СДСМ, а во врска со некакво наводно прислушување на новинари, Владата на Република Македонија сака со ова соопштение енергично и во целост да ги демантира овие шпекулации оценувајќи ги како целосно неточни, невистинити и груба манипулација, се наведува во кусото соопштение на Владата.

Поврзани новости