Тотално неточна и невистинита е информацијата дека Владата ја поништила одлуката за поставување на крстот во населбата Бутел. Не е донесена таква одлука и вчера воопшто и немаше седница. Во целост ја демантирам таквата шпекулација – вели Александар Ѓоргиев портпарол на Владата. Изјавата му ја пренесе Плусинфо.
Порталот МКД повикувајќи се порталот на албански јазик „Албеу“ објави дека Владата ноќеска на седница донела одлука со која се анулира одлуката на Советот на општина Бутел за изградба на крст на кружниот тек на влезот во општината Бутел.
Активистите на ДУИ синоќа околу полноќ почнаа да го растураат кампот поставен на местото каде што општина Бутел планира да изгради крст во очекување дека ситуацијата ќе се реши институционално. Се повлекоа и Македонците кои исто така излегоа на протест со цел да го пробијат кордонот полицајци и при тоа повредија тројца полицајци.