Владата ја повлече одлуката за крстот?

by Фокус

Владата на итна седница одлучила да се поништи одлуката која Советот на општината Бутел ја имаше донесено за изградба на метален православен крст. Како што јави порталот на албански јазик „Албеу“  македонската влада решила да ја донесе ваквата одлука поради категоричното противење на ДУИ за изградба на ваков верски симбол во мултиетничата општина.

Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити, додека се демонтираа шаторите во кампот со цел ДУИ да замине од критичната точка, рече дека е добиено уверување дека ОБСЕ ќе посредува во надминување на проблемите.

Претходно, пред седницата на Владата, ДУИ имаше прес конференција, во близината на местото каде во саботата започна изградбата на крстот, на која Меџити соопшти дека протестите се прекинуваат поради верскиот празник Задушница, со напомена дека ДУИ инсистира на преговори за воведувањето на Бадинтер при носењето на вакви одлуки и тоа, како во општината Бутел, така и во целата земја.

Поврзани новости