Владата назначи нови директори во ФЗОМ, ПИОМ, Биро за јавни набавки

by Фокус
На денешната седница, Владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, врз основа на предлозите на владината Комисија за именувања.

Согласно овие предлози, Владата ја прифати оставката на Борче Хаџиев и го разреши од должноста директор на Фонд за осигурување на депозити на негово барање, и за в.д. директор го именуваше Амир Шабани.

Владата ја прифати оставката на Армир Садики од должноста в.д. директор на Бирото за јавни набавки и за негов наследник го именуваше Борче Хаџиев.

Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување за в.д. директор да ја избере Билјана Јовановска, а за в.д. заменик директор да го избере Шаип Зенељи.

Владата денеска ја прифати оставката на Орхан Рамадани од Фондот на здравствено осигурување и за в.д. директор на оваа институција го именуваше Фатон Ахмети.

Владата го именуваше Бесир Деари за в.д. заменик на директорот на Управата за финансиска полиција, а Блерим Идризи за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за индустриска сопственост.

Поврзани новости