Владата наложи вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради ѓубрето

by irena 15:05
15:05

Владата на денешната седница донесе заклучоци за итни мерки во врска со проблемот со собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад во Град Скопје.

Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје се задолжуваат, во соработка со Министерството за внатрешни работи, веднаш да започнат координиран вонреден инспекциски надзор на територијата на градот. Целта е да се утврди состојбата со отпадот и да се преземат соодветни мерки.

Министерството за внатрешни работи, заедно со надлежните институции и Град Скопје – Сектор инспекторат, ќе го испита работењето на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и на градоначалникот, поради несобирањето на отпадот што, според Владата, претставува опасност по здравјето на граѓаните.

„Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување ги повикуваме институциите веднаш да постапуваат по донесените заклучоци“, се наведува во соопштението од Владата.

Слични вести