Уништен мурал на Ѓоковиќ во Белград

by irena 14:57
14:57

Мурал посветен на Новак Ѓоковиќ, што се наоѓа во центарот на Белград, е прекриен ноќеска со црна боја. Делото на уметникот и активист Андреј Јосифовски, познат како Пијанистот, беше инспирирани од познатото „пумпање“ на Новак за време на овогодинешниот Вимблдон.

На муралот што го прикажува Ѓоковиќ во момент на карактеристична гестикулација и енергија, имаше натпис: „ПУМПАЈ, ПУМПАЈ, зошто застана!?“

Во текот на ноќта истурена е црна боја врз муралот, а авторот Андреј Јосифовски објави за инцидентот на социјалните мрежи, јавија белградските медиуми

„Замислете го тој голем патриот во портокалова јакна со капа, кој се прикрадува ноќе, потоа стои пред Новак (ЕЈ НОВАК!) – го гледа во очи и му фрла боја по лицето и телото. Тоа е фина српска младина човек од кафезот кој сака да научи да црта графити. Одамна го освоивме врвот на дното, но продолжуваме во стартосВерата. Не грижи се, брате мој @djokernole – одмаздата ќе следи, но без маска, среде ден, онака како што го правиме тоа – напиша Јосифовски со фотографија од оштетениот мурал.

Муралот беше создаден како почит кон енергијата и борбеноста на Новак на Вимблдон, каде што за време на натпреварот ја подигна атмосферата и ја мотивираше публиката со своето познато „пумпање“.

Слични вести