Владата најави: Провокатори нема да бидат пуштени во Македонија!

by Fokus

Провокаторите и оние што го негираат македонскиот народи и ги нарушуваат чувствата на Македонците нема да влезат во државата.

Ова денеска го истакна првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски кој додаде дека институциите нема да дозволат инциденти на утрешното чествување на 151-та годишница од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Тој додаде дека официјална државја делегација од Бугарија нема да биде присутна на утрешното чествување.

Поврзани новости