Владата на второ, ВМРО-ДПМНЕ на петто место по рекламирање

by lali 15:04
15:04

Приходите од рекламирање во националните телевизии пораснале за 6,55 отсто во 2013-тата, пресметала Агенцијата за медиуми во последниот извештај за анализа на пазарот. Во структурата на приходите на секоја телевизија посебно, најзначајно учество имаат приходите од продажба на времето за рекламирање и телешопинг. Во 2013 година, најзначаен огласувач кај овие шест телевизиски станици била странската компанија Procter & Gamble. Имале 31. 377 рекламни спотови.

На второто место на листата на најзначајните огласувачи на шест телевизиски станици (МТВ и петте приватни национални) била Владата на Република Македонија, која во анализираната година била нарачател на 16 639 спотови. Третото место е за компанијата Coca-Cola, со нарачани 17,062 рекламни спота. Со 4 140 спота партијата ВМРО ДПМНЕ е на убедливото петто место на листата, и заедно со Владата се поголеми огласувачи од Прилепска пиварница, Т-мобиле, Скопска пиварница, Алкалиод…

- Advertisements -

Она што е за забележување е сознането на Агенцијата дека „бруто вредноста на овие рекламни спотови, која се пресметува според цените во официјалните ценовници на телевизиските станици, што значи дека при пресметувањето не се земени предвид попустите кои телевизиските станици им ги одобриле на огласувачите, изнесувала 318,07 милиони евра. Според податоците кои радиодифузерите ги доставија во Агенцијата, а чија валидност беше проверена од податоците во завршните сметки на радиодифузерите, вкупните приходи од рекламирање на овие шест телевизии изнесувале 1.1250,99 милиони денари, односно 20,51 милиони евра. Ова значи дека наплатената вредност на емитуваните рекламни спотови била петнаесетипол пати помала отколку нивната вредност според цените во официјалните ценовници на телевизиските станици, односно дека била наплатена само 6,45% од вредноста на рекламните спотови според официјалните ценовници“.

tabela

ТВ АЛФА ИМАЛА ПРИХОДИ, АМА БРКАЛА НОВИНАРИ

Телевизија Алфа го спроведувала технолошкиот вишок во годината кога официјални документи потврдуваат дека остварила најмногу приход. Во текот на 2013-та во телевизијата беше извршена евалуација, односно следени биле сите ангажмани и придонеси на вработените. Изговор на новото раководство, откако Штерјо Наков ја продаде Алфа, беше дека економски и пазарни се причините поради кои телевизијата се одлучила да отстрани десетина вработени преку технолоши вишок.

Додека вработените биле на оценување, телевизијата остварувала приходи, и тоа во 2013-та најмногу од постоењето на куќата. Објавата на Агенцијата за медиуми јасно посочува дека ТВ Алфа имала напредок во 2013-та, иако пред вработените преставувала дека е тешка ситуацијата со превработеноста.

Во извештајот на Агенцијата стои „Во анализираната година само две телевизии оствариле повеќе приходи отколку во 2012 година: ТВ Алсат-М (за 5,65%) и ТВ Алфа (за 84,95%). Останатите три телевизии ги намалиле приходите, и тоа: ТВ Канал 5 за 25,36%, ТВ Сител за 0,42% и ТВ Телма за 8,66%. ТВ Сител и ТВ Канал 5 оствариле највисоки приходи во 2011 година, ТВ Телма во 2012 година, ТВ Алсат-М во 2008 година, а ТВ Алфа во 2013 година.

Значи, Алфа во споредба со предходната 2012-та година остварила приходи за неверојатни 85 отсто повеќе. 2013-та е годината која беше под новото раковдство на српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ.

Правници во новинарскиот синдикат коментираат дека целата постапка за технолошки вишок во Алфа е промашена, односно не постојат одделни образоженија на одлуките за отказ. Дополнително, како аргумент работниците, при евентуални судски тужби, можат да ги користат и официјалните документи според кои Алфа остварувала забележителни приходи и со тоа да застанат против аргументот на телевизијата дека отупшта затоа што нема финансиска кондиција.

Инаку, со технолошкиот вишиок настрадаа десетина вработени, од кои повеќе од половината новинари. На удар беа некои уредници од информативната програма. Пред официјално да се објави списокот со елиминирани, неколкумина новинари од информативната програма самите дадоа отказ неможејќи да го издржат притисокот од новата политика на куќата.

tabela, dobivki na tv

СИТЕЛ СО НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ И ГЛЕДАНОСТ

Во структурата на приходите на секоја телевизија посебно, најзначајно учество имаат приходите од продажба на времето за рекламирање и телешопинг, кое се движи од 71,87% кај ТВ Телма до 99,72% кај ТВ Алфа.

Од вкупните приходи остварени од приватните национални телевизии дури 45% од овие средства остварила ТВ Сител, чии вкупни приходи изнесувале 584,67 милиони денари. Позначајни вкупни приходи остварила и ТВ Канал 5 – 269,78 милиони денари односно 21% од вкупните приходи на овој сегмент од пазарот. Останатите три телевизии – ТВ Алсат-М, ТВ Алфа и ТВ Телма заеднички оствариле 34% од вкупните приходи.

Јавниот радиодифузен сервис и комерцијалните телевизии заеднички оствариле вкупни приходи во износ од 2.934,06 милиони денари година вкупните приходи во телевизиската индустрија биле повисоки за 9,9. Кај комерцијалните телевизиски станици просечниот број на вработени бил најголем кај ТВ Сител (135 лица) и ТВ Алфа (127). Со тоа, стои во извештајот, Алфа потрошила најмногу пари на плати, но и на купување програма. И според бројките на Агенцијата за медиуми за 2013-та година најчест избор на македонската публика била програмската понуда на ТВ Сител (28,60%), а на второто место, со учество од 12,80% во вкупната гледаност била ТВ Канал 5. Заедничката гледаност на трите програмски сервиси на Македонската телевизија изнесувала 9,00% (првиот програмски сервис (МРТ 1) – 6,60%, вториот програмски сервис (МРТ 2) – 1,10% и Собранискиот канал 1,30%). Учеството на ТВ Алсат-М во вкупната гледаност било 5,30%, а речиси подеднакво учество имале ТВ Алфа (3,20%) и ТВ Телма (3,00%).

tabela, dobivki na tv

ГРАЃАНИТЕ ГЛАВНИ СПОНЗОРИ НА МРТВ

Во 2013 година, од продажба на времето за рекламирање Македонската телевизија остварила вкупно 26,36 милиони денари, или само 2,05% од вкупните приходи. Ова укажува дека можностите за остварување приходи од реклами не се доволно искористени и дека несомнено се потребни залагања од страна на јавниот радиодифузен сервис во насока на подобра продажба на рекламното време, препорачува Агенцијата.

Во структурата на приходите на Македонската телевизија најзначајно учество имаат приходите од радиодифузната такса. Фактурираната вредност на радиодифузната такса во анализираната година изнесувала 783,76 милиони денари, а наплатената вредност 405,58 милиони денари, односно биле наплатени 51,74% од средствата.

Поврзани новости